Ефективно родителство


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Родителството за жал не доаѓа со соодветно упатство. Покрај љубовта и грижата на родителите кон своите деца, родителите е потребно да знаат како со помош на одредени начела и начини можат да ја зголемат ефикасноста на родителството.

Мудриот родител е добар набљудувач и активно ја гради комуникацијата со своето дете. добрата комуникација се гради и развива постојано. таа е многу важен сегмент во односост со детето без разлика дали говориме за мало предучилишно дете или тинејџер.

  • Покажете му на своето дете дека сте заинтересирани за него и дека сте подготвени да му ја пружите својата помош секогаш кога му е потребна.
  • Секогаш бидете свесни дека вие сте примерот кој ќе го следи вашето дете, тоа учи од вашите постапки.
  • Децата ги следат постапките, а не зборовите.
  • Покажете му на детето дека секогаш безусловно го сакате и прифаќате, такво какво што е, без разлика дали тоа што го направило е погрешно или не.
  • Потикнете го детето да ја продолжи комуникацијата со вас и понатаму, пофалете ги неговите напори за комуникација со вас.
  • Кога се обидува да ви каже нешто не го прекинувајте додека зборува, бидете трпеливи и обидете се да покажете интерес за она за кое ви зборува.
  • Пофалбите и љубезните зборови исполнети со љубов и разбирање ќе овозможат поголема стимулација да соработува и комуницира со вас.
  • Охрабрувајте го своето дете со пофалби, потикнувајќи го на тој начин и охрабрувајќи ги и неуспесите кои со текот на времето ќе станат успеси.

Избегнувајте ги следниве грешки во воспитувањето, тие го прават родителството потешко!

1. Меѓусебните префрлања и обвинувања дека едниот од нив не поседува соодветни воспитни вештини, не особено пред децата.

2. Дозволуваат друг да ги носи важните родителски одлуки за нивните деца, како на пример бабите, дедовците, дадилките и тн.

3. Импулсивното однесување и реагирање без притоа да се размисли за последиците кои ќе ги сноси другиот родител како на пример за доцното вечерно легнување, таткото дозволува детето да седи до доцна, а утрото мајката има проблем со навремено станување и подготовка за во училиште.

4. Директно поткопување и негирање на другиот родите како на пример едниот родител „му држи лекција на детето“, а другиот му упаѓа во збор и го изнесува своето спротивставено мислење пред детето. ( Доколку имате спротивставени ставови истите споделете ги подоцна кога детето нема да е во ваша близина)

5. Родители кои вреднуваат различни особини кај детето- едниот смета дека детето треба да оди на тренинг, додека другиот смета дека е поважно тоа време да го помине со семејството. На тој начин го збунувате детето.

Тексот е извадок од студентското списание „VOX“

Александра Мишоска, Институт за семејни студии, Филозофски факултет