Едвард Сноуден тврди: Трамп најмногу на светот го сака Путин


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во обраќање преку видео врска од Москва, бившиот соработник на НСА, Едвард Сноуден изјави контроверзно тврдење дека претседателот на САД Доналд Трамп најмногу на светот го сака рускиот претседател Владимир Путин.

Јасно е, како што пишува „Хафингтон пост“, дека Трамп е голем обожавател на Путин, а Сноуден смета дека Американците не би требало да сметаат дека специјалниот пратеник за истрага за можното руско мешање во американските претседателски избори 2016 година Роберт Малер ќе го „раскринка“ Трамп за соработка со Кремљ.

„Не постои никој на светот кого Трамп повеќе го сака од рускиот претседател. Мислам дека луѓето премногу бараат кога се надеваат дека истрагата на Малер ќе открие нешто за Трамп“, изјави Сноуден додавајќи дека светот така не функционира и дека животот не е толку едноставен, пренесе „Хафинтон пост“.