Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Зошто не можете да продолжите понатаму? Зошто љубовта никако да чукне на вашата врата? Ви се чини дека се вртите во круг од кој нема излез? Дека никогаш нема да се појави оној вистинскиот? Мислите дека Бог за сите луѓе на светот создал некого, само за вас не?
Ако низ глава неретко ви минуваат ваквите или слични дилеми, можно е едноставно да сте „заглавени“. Заглавени поради несвесните грешки кои упорно и секојдневно ги повторувате, а кои ги блокираат добрите емоции, и новите романси. Заглавени поради навиките кои ја саботираат енергијата и љубовта…
Дали сте се фатиле себеси како повторувате некои од следните 3 работи? Ако одговорот е потврден, јасно е, љубовта ве избегнува само поради тоа.
1. Се уште живеете во минатото
Ако сте и натаму на било кој начин врзани за својот некогашен партнер, било да е тоа низ распрашување за него или пргледување на неговиот профил на социјалните мрежи, најверојатно не дошло момент да тргнете натаму. Обидете се да се соберете, дајте си себеси уште време, не брзајте во нов однос, и добро размислете што не функционирало во претходниот однос. Што од него сте научиле, кои се вашите нови тежнеења? Додека не ги исчистиме трагите од минатото, за светла иднина нема место.
2. Себеси се обвинувате за пропаднатите врски
Секој има некој сопствен пат кога е во прашање закрепнувањето по разделбата – многумина ги обвинуваат партнерите, но не се ниту малку оние кои се обвинуваат себеси за крајот. Токму таквите луѓе долго страдаат и остануваат со потешки последици. Ако на себе гледате како проблем, тешко дека во животот може да ви дојде партнер со кој е возможно да имате здрав однос. Исчистете се себеси и вашата енергија од вината, стравот, срамот, префрлувањето, ограничувањето и добрите момци ќе влезат во вашиот живот.
3. Имате тенденција премногу да размислувате и анализирате
Звучи лудо, но претераното впуштање во детали и анализи на секој однос и секој маж кој ќе ви влезе во животот, може да предизвика контраефект. Не барајте замерки и маани, дајте му шанса на некој додворувач, дури ако се чини дека не е идеален, или ако мислите дека нема да имате време за него. Заборавете на сопствените правила и препуштете му се на животот.