Едноставен трик со кој ќе пресметувате проценти


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сметањето на некои им е силна страна во животот, а други пак, мака мачат кога ќе се фатат во костец со математички операции, задачи и равенки. Еве еден прилично едноставен трик со чија помош многу лесно ќе пресметувате проценти.

Го објави еден Твитер корисник, а трикот со голема брзина почна да се споделува и шири на социјалните мрежи.

„Фасцинантен мал трик за пресметување проценти: X% од Y=Y% од Х. Пример, ако треба да  пресметате 4% од 75, само сменете им ги местата на бројките, бидејќи многу полесно е да пресметате 75% од 4.

„Денес Твитер ми го промени животот. Инаку сум научник, по цели денови се занимавам со бројки, а ова никогаш го немав сфатено. Не знам дали треба да се радувам на ова сознание или треба да ми биде срам што дури сега го дознавам. Можеби и двете по малку“, напиша еден друг Твитерџија.

„Предавав математика и овој трик никогаш го немав во ракав. Знаев некои други финти, но оваа е многу подобра“, беше друг коментар.