Едноставен трик кој ќе ве спаси од досадните муви и комарци во лето


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Комарците и мувите во лето се вистински кошмар и често знаат да ни го расипат уживањето и спиењето во ноќните часови. Но, и за нив има лек. На Твитер овие денови се појави нов трик кој стана вистински хит.

Сетете се само колку пати не сте можеле да спиете поради зуењето и убодите од комарци кои потоа ужасно чешаат. Дури ниту купечките средства не помагаат во целост, а и препаратите кои се продаваат за во домот може да бидат високо токсични за организмот.

Постојат многу „направи-сам“ трикови кои наводно гарантираат дека ќе бидете безбедни од комарците, но неодамна еден од нив буквално го запали интернетот, а речиси половина милион луѓе тврдат дека е ефикасен.

Многу едноставен и евтин, а се што ви е потребно е еден лимон и каранфилчиња.

Лимонот исечете го на половина, а потоа во секоја половина забодете каранфилчиња. Потоа, лимонот ставете го каде што спиете или престојувате, а тој помешан со каранфилчињата успешно ќе ги избрка комарците.