Едногласно усвоена резолуција од европските либерали за почеток на преговори за членство на Македонија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На тридневниот конгрес кој се одржа во Атина, европските либерали едногласно усвоија резолуцја за поддршка на европската перспектива на Македонија.

Конгресот во Атина резултираше со барање на европските либерали Македонија да добие датум за старт на пристапните преговори веќе на следниот самиот на Европскиот совет во декември. Процесот на проширување на Европската унија мора да продолжи, секоја држава мора да биде оценувана индивидуално, а Македонија испорача се што претходно беше побарано ,се дел од заклучоците во резолуцијата.

На конгресот присуствуваше и претседателот на ЛДП Горан Милевски кој вели дека очекува овие заклучои да направат сериозен притисок врз францускиот претседател Макрон.

Дека Македонија нема друга алтернатива освен членството во Европската унија вчеравечер од Тирана порача и шефот на државата. Пендаровски предлага земјите од регионот да одржат Самит на кој ќе истратат јасна порака до европските лидери дека не прифаќаат алтернативни решенија како стратешко партнерство наместо интеграција.