Едногласна одлука: Светското првенство се проширува на 48 екипи!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Светската фудбалска федерација денес одлучи да го прошири Светското првенство на 48 репрезентации. Рекорден број на репрезентации прв пат ќе учествуваат на Мундијалот во 2026 година, чиј домаќин сѐ уште не е одреден.

Одлуката за проширување била донесена едногласно, што значи дека по СП-а во Русија 2018 и Катар 2022 година, на Мундијалот во 2026 година ќе учествуваат рекорден број на репрезентации.

Усвоен е системот од 16 групи со по три репрезентации, а пласман во нокаут фазата ќе изборат победниците на групите.

Идејата за проширување на Мундијалот најпрвин дојде од претседателот Џани Инфантино, истата помина на состанокот на ФИФА иако најголемите клубови, претходно јавно го искажаа своето незадоволство. Својата замисла Инфантино ја спроведе во дело добивајќи поддршка од најголемиот дел на националните сојузи.

Според новиот формат ќе биде зголемен бројот на натпревари кои ќе бидат одиграни од досегашните 64 на 80. Сепак, шампионот исто како и досега ќе треба да одигра седум натпревари за да стигне до титулата. Турнирот ќе трае исто како и досега, односно 32 дена.