Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со цена од 1,29 милиони долари за едно шишенце Shumukh е прогласен за најскап парфем во светот, пренесува Wealthy Gorilla.
Shumukh е запишан во Гинисовата книга на рекорди како парфем чија амбалажа има најмногу дијаманти во светот. Поточно, на неговото шишенце се наоѓаат 3.500 дијаманти. Направен е од Асгар Адам Али, сопственик на компанијата Nabeel Perfumes. За првпат е претставен во 2019 година во хотелот Армани во Дубаи.
Shumukh има и бисери, 2,5 килограми 18-каратно злато и 5,9 килограми чисто сребро. Имало 490 обиди за да се дојде до идеалниот мирис. Неговиот мирис трае повеќе од 12 часа откако ќе го нанесете на кожата.
Доколку го нанесете на ткаенина може да трае до 20 дена. Парфемот е унисекс.