Едно од најретките морски суштества снимено во близина на Големиот корален гребен (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Досега само неколку луѓе имале можност да го видат октоподот Тремоктопус, наречен уште и „октопод со покривка“, кој важи за едно од најретките морски животни.

Но, морскиот биолог Џасинта Шеклтон успеала минатата недела да го сними крај брегот на островот Лејди Елиот во близина на Големиот корален гребен.

“Кога го видов, помислив дека можеби е риба со долги перки. Но, кога се приближив, сфатив дека се работи за женски октопод Тремоктопус и бев обземена од радост и возбуда”, рекла биологот за Гардијан. „Бев толку возбудена што ми беше тешко да го задржам здивот за да нурнам и да го снимам“, признава таа.

Овие животни се исклучително ретки. Др. Џулијан Фин, експерт за морски безрбетници во Музејот Викторија, и неговите колеги првпат виделе жив мажјак пред 21 година северно од Големиот корален гребен.

Фин потоа напишал во Journal of Marine and Freshwater Research дека најекстремниот пример за разликата во големината помеѓу мажјаците и женките може да се види кај ова животно. Додека женките растат до 2 метри, мажјаците растат само до околу 2,5 см.

Мажјаците дури и не развиваат „прекривка“ поради што овој вид понекогаш се нарекува „октопод со прекривка“ и што го прави толку необичен. Женките кои ја развиваат ова „прекривка“ може да ја отфрлат кога ќе почувствуваат дека се во опасност.

Биологот Шеклтон смета дека само три такви октоподи биле видени во областа пред овој. Тие обично го поминуваат својот животен циклус на отворен океан, па затоа е уште понеобично да се видат толку блиску до гребенот.