Актуелно

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа на патниот правец Прилеп – Градско!

На магистралниот пат Градско – Прилеп, во близина на мотел Дреново, утрово околу 10 часот се случи тешка сообраќајна несреќа со смртни последици.

Од МВР информираат дека во сообраќајната незгода учествувале товарно моторно возило „Волво“ со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од Ј.Г.(30) од Велес и такси возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од К.Л.(35) од Скопје.

-Во незгода К.Л. починал на местото на настанот, додека сопатничките во возилото, М.И.(64) и А.И.(31), двете од Битола, се здобиле со повреди и се пренесени во болница во Кавадарци, информираат од МВР.

Полициски екипи вршат увид на местото на несреќата.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top