Едно лице загина во тешка сообраќајка на патот Маврови Анови-Дебар


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Вчера утрото едно лице го загуби животот во сообраќајната несреќа која се случи на патот Маврови Анови-Дебар, информира МВР.

Вчера утрото околу 9.15 часот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар се случила сообраќајна незгода меѓу возило „Голф” со скопски регистерски таблички, управувано од С.Р. (74) од Скопје и „Мерцедес” со тетовски регстерски ознаки, управувано од Л.Р. (72) од с- Горно Палчиште.

Со повреди се здобил С.Р. и бил пренесен во Клиничката болница Тетово, каде што во 13.15 часот починал.

Извршен е увид од екипа на СВР Тетово.