Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Пожар избувнал утринава кај терминалот на Фершпед кај стариот автопазар во Скопје. Опожарена била кровната конструкција на куќичка која вработените ја користеле како соблекувална, а со изгореници од втор степен се здобил еден од вработените.
Повредениот Ќ.Ш. (54) е пренесен на Клиниката за пластичка хирургија.
Во пожарот опожарени биле и товарно возило Форд и патничко возило Рено, сопственост на фирмата Алпик Дооел.
Случајот бил пријавен во ЕИК Скопје утринава во 06:45 часот.
Полицијата денеска соопшти дека пожарот најверојатно бил предизвикан од неисправна инсталација. Дел од вработените додека се пресоблекувале слушнале експлозија во помошната просторија, каде чувале косилки и бензин.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.