Едно лице подложено на тест за коронавирус, кај тојца заразен лесно влошување на состојбата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според најновата тековна состојба со коронавирусот во Македонија, министерот Венко Филипче информира дека едно лице е тестирано за вирусот, а резулатите ќе бидат готови за неколку часа. Тројца од деветмината заболени имаат лесно влошување на стостојбата, сите се повозрасни од 65 години.

Едно лице кое што било во Германија е тестирано за корона вирус и резултатите ќе бидат готови за неколку часа, информираше на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче. Лицето од Германија се вратило здраво, но деновиве добило покачена телесна температура.

Тој додаде дека тројца од деветмината заболени пациенти, повозрасни од 65 години, се во малку полоша состојба и кај нив се делува со поинтензивна терапија, но дишат самостојно и без потреба од респиратор.