Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Едно загинато бебе и 17 повредени лица е билансот од несреќата во која маж со неговиот автомобил влета во пешаци на тротоар, блиску до популарната плажа Копакабана во Рио де Женеиро.
„Возачот ја загубил контролата врз автомобилот, се качил на тротоар и удрил во група пешаци“, соопшти локалната полиција.
Здравствените власти во Рио де Женеиро наведоа дека при несреќата загинало едно деветмесечно бебе, како и дека 17 лица се повредени.
Полицијата ја исклучи можноста дека станува збор за терористички напад.
Возачот посочи дека добил епилептичен напад и дека при тоа ја загубил контролата врз возилот. Локалната полиција во неговиот автомобил пронашла лекарства за епилепсија.