Славни

Еднаш, кога Никол Кидман му беше свршеница на Лени Кравиц

Никол Кидман откри дека во минатото била свршена со Лени Кравиц. Парот бил во врска во 2003 година. Никол во неколку наврати признала дека била свршена со некој во периодот помеѓу разводот со Том Круз и бракот со нејзиниот сегашен сопруг Кејт Урбан, но никогаш не открила за кого станува збор.

Сè до денес.

– Па, ја познавам Зои Кравиц, бидејќи бев свршеница на нејзиниот татко. Таа ми е како фамилија. Го сакам Лени, тој е одличен човек, изјавила Никол при едно интервју за магазинот The Edit.

Во 2007 година, таа прв пат спомнала за свршувачката, но исто така изјавила дека не биле подготвени за брак со тогашното мистериозно момче.

Никол Кидман ќе ја видиме во новата минисерија на HBO „Big Little Lies“ заедно со Зои Кравиц, која треба да почне да се емитува во март.

Advertisements
To Top