Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Американско семејство прескапо ја плати нивната семејна вечера поради која три лица починаа како последица на коронавирус, а уште четири се заразени од истиот.
73-годишната американка Грејс Фуско од Њу Џерси, починала завчера од коронавирус, без да биде свесна дека нејзините две деца биле заразени.
Нејзиниот најстар син и ќерката починале непосредно пред неа, а, според еден од роднините, на уште четири нејзини деца им бил дијагностициран Ковид-19, од кои тројца се во критична состојба, јавува Си-Ен-Ен.
Се чини дека се заразиле на семејната вечера овој месец, а како што пренесува „Тајмс“, на овој собир присуствувал и првиот човек што починал од коронавирусот во САД.
Најстарата ќерка на Грејс Фуско, Рита Фуско-Џексон (55), починала во петокот, а набргу потоа семејството дознало дека има коронавирус. Нејзиниот син Кармин Фуско починал вчера, непосредно пред неговата мајка.
Скоро 20 нивни роднини се ставени во карантин во нивните домови.
Досега скоро 150 луѓе починале од коронавирус во САД, а до вчера петмина починале во Њу Џерси, додека најмалку 427 се заразени во оваа држава.
Бројот на пациенти се зголемува секојдневно во САД, поради што се преземаат построги мерки за да се запре ширењето на коронавирусот.
„Ние потенцијално ќе се бориме против вирусот во наредните 12 до 18 месеци“, зијави д-р Мајкл Остерхолм од Универзитетот во Минесота.
Главни фактори што помагаат во ширењето на пандемијата се луѓето кои немаат никакви симптоми, па затоа лесно го шират вирусот, како и недостигот на масовно тестирање.
Експертите ги замолуваат сите – дури и оние што не се чувствуваат болни – да застанат најмалку два метри подалеку и да избегнуваат собири.