Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Една од најголемите поп ѕвезди на денешницата е под истрага поради обвинение дека силувал девојче што денес има 50 години.
Нападот, наводно, се случил за време на концерт во 1970-те, а жената тогаш имала 14 години.
Како што пишува „Сан”, се работи за британска поп легенда која стравува дека неговото име ќе „протече” во јавност оти на интернет се појави и видео во кое жената го кажува по име. Сепак, од правни причини, не смее да се објави за кого станува збор, бидејќи испитувањето на можни основани сомненија се уште е во тек.
Жената тврди дека телохранителот на музичарот ги повикал неа и нејзината другарка во хотел по настапот. Кога стигнале во хотелот, тие две биле раздвоени, па жртвата ја однеле во апартман каде ја пречекале уште еден маж и жена, кои како што вели, исто така се познати личности. Пред злоставувањето, и понудиле шампањско, а потоа во просторијата се појавил музичарот.
– Мантилот набргу бил на подот, а тој ме соблече. Она што прво почнало нежно и полека, стана болно. Ми рече да се опуштам и дека се ќе биде в ред. Дотогаш никога се немав бакнато, рече таа.
Официјално истрага е покрената 2014 година.