Една од најпрофитабилните работи во светот е да си – фудбалски менаџер!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Меѓународниот центар за спортски студии (ЦИЕС) стигнал до заклучок дека фудбалските агенти од 2014 до 2017 година заработиле 2.6 милијарди евра само од провизијата за трансферите, а 2.1 милијарда од водењето на кариерите на играчите.

Изгледа дека работата фудбалски менаџер полека станува најпрофитабилна на светот. Застапниците на најдобрите светски фудбалери во споменатиот период (2014-2017) вкупно заработила 4.75 милијарди евра од трансфери.

Овие бројки се објавени во акцијата која овие денови ја тресе Белгија „Чисти раце“ во која беа уапсени неколку познати агенти под соменвање дека учествувале во местење натпревари и перење на пари. Помеѓу нив беше и еден Македонец, Драган Силјановски.

„Дека професијата менаџер е и тоа како профитабилна докажува податокот на ЦИЕС според кој агентите само од провизија на трансферите инкасираа 2.6 милијарди евра. На тоа треба да се додаде и заработката која им припаѓа поради водењето грижа за кариерите на фудбалерите, договарањето спонзорски договори, работа на маркетингот на фудбалерот…Така се доаѓа до вкуна заработка од огромни 4.75 милијарди евра“, пишува белгиски „Ехо“.

Најдобар пример како да се добие пари од сите страни е италијанскиот агент Мино Раиола. Тој за трансферот на Пол Погба од Јувентус во Манчестер Јунајтед кој што изнесуваше 105 милиони евра, самиот заработи скоро и колку играч.

Му припадна процент од трансферот (околу 2.5 милиони евра), но доби пари и од Французинот, како и од двата клуба.