Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Швајцарска банка Bank Julius Baer & Co. мора да плати казна од 80 милиони долари откако потврди дека учествувала во перење на повеќе од 36 милиони долари мито исплатени на Светската фудбалска организација (ФИФА).
„Ројтерс“ објави дека третата најголема банка во Швајцарија ќе мора да плати 43,3 милиони долари, а ќе и се одземат и 36,4 милиони долари за извршување трансакции во период од 2013 до 2015 година.
Во давање мито учествувале лица кои незаконски ги плаќале службениците од ФИФА за возврат да ги добијат правата за пренос на фудбалските натпревари.
„Банката им помагала на корумпираните службеници на ФИФА во перење на повеќе од 36 милиони долари“, објави американска служба.