Една недела имаше секс два пати дневно – еве кои беа последиците

секс

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Разведена мајка на три деца со својот партнер обично се сексале три пати неделно, сè додека нејзин пријател не ја предизвикал да се обидат една недела да имаат секс два пати дневно, секој ден.

40-годишната жена го прифати предизвикот, но на својот партнер не му открила што планира, пренесува Woman’s Health.

Секс седмица – Понеделник

Децата беа кај бившиот сопруг, па мојот дечко преспа кај мене. И двајцата тргнуваме на работа во исто време, па одлучив да го изненадам под тушот. Беше малку трапаво, но тоа беше одличен почеток на денот.

Вечерта отидовме на кино и таму одлучив да го заведам, а на крајот завршивме сексајќи се во вецето. Тоа беше прв пат да направиме такво ншето, па се чувствува по малку палаво.

Вторник

Се разбудив сама и после вчерашната акција сексот не ми паѓаше на памет. Дечко ми наврати вечерта и после предиграта на каучот, сепак завршивме во спалната соба.

секс

Среда

Го разбудив со орален секс. Тоа не е нешто што обично го правам, но уживав во улогата на спонтана девојка.

Кога замина на работа, се сетив дека денес моите деца се враќаат од кај татко им, па не знаев како да ја организирам втората рунда тој ден.

На крајот одлучив да го побарам преку Facetime. На почетокот беше малку збунет, но брзо ја прифати играта.

Четврток

Кога децата отидоа на школо си поиграв со вибраторот. Морам да признаам дека зачестениот секс ме расположи за уште повеќе секс.

Вечерта се обидов да организирам телефонски секс со дечкото, но за жал мораше подолго да остане на работа.

Не е лесно да се сексаш два пат дневно, особено ако не живееш со партнерот.

Петок

Дечкото ме изненади со посета во канцеларијата. Ми рече дека постојано мисли на мене и затоа морал да дојде. Се заклучивме во канцеларијата и таму имавме секс.

Вечерта дојде кај мене и ме праша што се случува. Морав да му признаам дека станува збор за предизвик. Нему тоа му беше смешно, но сепак се согласи. Сè беше некако млако и не доживеав оргазам.

Изгледа дека квантитетот го убива квалитетот.

Сабота

Утрото повторно го вклучив вибраторот, но не уживав како обично. Сексот стана обврска.

 

Вечерта одлучивме да го прескокнеме сексот и само да гледаме филм. Сепак, во текот на филмот почнавме да се галиме и тоа заврши со секс.

Недела

Иако и двајцата бевме исцрпени, денот го почнавме на Facetime, а вечерта навратив кај него на втора рунда.

Сексот за мене беше прилично болен, а тој прв пат откако сме заедно не можеше да одржи ерекција. Заклучив дека премногу сексање не е така добра идеја како што се чинеше на почетокот од неделата.