Една недела до состанокот на Советот на министри на ЕУ – клучна за евентуално надминување на ветото кое ни го стави Бугарија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Има уште една недела пред состанокот на советот на министри на Европската Унија, а сè уште нема информации до каде е работата на групите формирани од Скопје и Софија, ниту пак дали има некаков напредок за Бугарија да даде зелено светло за почеток на преговори.

Дека неделата која доаѓа е клучна за Македонија, сметаат и дел од експертите во земјава. Марко Трошановски од институтот за демократија вели дека било каков „патоказ“ кој излегува од рамките на договорот за добрососедство и наметнува теми за јазикот и идентитетот не треба да биде прифатен.

Трошановски додава и дека европските партнери вршат постојан притисок врз официјална Софија да даде зелено светло за почеток на преговори со Македонија. Според него, штетата која Бугарија ќе ја претрпи со евентуално вето за Македонија ќе биде огромна и несразмерна со проблемот кој Софија го започнала со земјава. Дека постои некаков притисок врз официјална Софија потврди и бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов во вчерашното интервју за бугарска Нова.

-Има ли некаков притисок кон Владата да се откаже од ветото? / Не можам да го наречам притисок, можам да кажам за дипломатски да ме разберете дека има надворешни фактори кои се обидуваат да не разубедат, Не знам зошто, но мене не се обидуваат да ме разубедат. /Кого се обидуваат? / Има многу други институции во Бугарија.- Красимир Каракачанов – Вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија

Покрај од Европските партнери за кои бугарската страна во повеќе наврати посочи дека бараат од Софија да се откаже од ветото, порака викендов пристигна и од САД. Високиот американски дипломат и поранешен амбасадор во земјава Филип Рикер преку писмо порача дека САД очекуваат Македонија да ги започне преговорите за членство во Унијата до крајот на годинава. Во писмото, се додава дека и дека сите билатерални прашања помеѓу Македонија и земји –членки на Унијата треба да се решаваат одвоено од евроинтегративниот процес.