Eдна не беше доволна: Ибрахимовиќ ја промовираше новата книга – „Јас сум фудбал“ (ФОТО)

ibrahimovic

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Oбожавателите на шведскиот напаѓач ќе имаат што да читаат оваа зима.

Златан Ибрахимовиќ дефинитивно е еден од најинтересните фудбалери на денешницата. Покрај својот неспорен квалитет на теренот, Златан е познат и по своите оригинални изјави.

Постојат такви кои го обожаваат, на други им е антипатичен, но она што е сигурно е дека никого не остава рамнодушен.

Токму поради тоа преку книгата „Јас сум Златан“ откри некои интересни детали од неговата богата кариера, но како тоа да не беше доволно, па напиша уште една.

Новата книга на Швеѓанецот го носи името „Јас сум фудбал“ и истата во вчерашниот ден излезе во продажба на шведски и на уште неколку светски јазици. Во неа може да се прочитаат интервјуа на Златан и други фудблери, но и пикантерии од неговиот приватен и професионален живот.

Не се сомневаме дека Ибра имал доволно материјал.