Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сашка Ковачевиќ (23) од Модрича, е осудена на една година затвор од страна на Основниот суд во Добој поради порно снимката со која го уценуваше фратарот И.К., пренесува ATV.
Фаталната Сашка која го снимала свештеникот за време на сексуалниот однос кој го имал со Данира С., повторно беше уапсена седум дена откако беше пуштена на слобода.
Пресудата е изречена откако Сашка се спогоди со Окружното јавно обвинителство во Добој и ја призна вината. Осудена е на една година затвор поради уцена на свештеникот со порнографски материјал и од него барала да им исплати неа и нејзините соработници вкупни 950.000 куни за да не ги објават компромитирачките материјали.
За уцена беа обвинети Сашка, нејзиниот дечко Александар Васиљевиќ од Добој, како и Мило Јоксимовиќ од Модрича, за кој судењето уште не е почнато.
Васиљевиќ, освен за уцена, се товари и за лажно претставување, бидејќи во неколку наврати при контактите кои ги имал со И.К. се претставил како инспектор на SIPA, а Јоксимовиќ е обвинет за соучество во неовластеното снимање на фратарот, како и кражба на два рачни часовници, шише јегер и 150 куни од жупната куќа на фратарот.