Home Актуелно Една година условен затвор за неврохирургот Чапаровски за земање мито

Една година условен затвор за неврохирургот Чапаровски за земање мито

Поранешниот директор на скопската Клиника за неврохирургија, Александар Чапаровски, кој е обвинет за поткуп, доби условна затворска казна од една година, доколку во рок од две години не направи кривично дело.

На првото судско рочиште тој призна вина, а пресуда е изречена набрзо. Според пресудата, Чапаровски исто така во наредните две години не може да биде избран за директор, пренесува Нова ТВ.

Екс директорот на 31 мај беше уапсен по пријава од пациент за земање мито. Тој побарал пари од татко на 14 годишно девојче кое требало да замине на лекување во странство, а за возврат требало да издаде конзилијарно мислење.

Адвокатот на семејството на инвалидизираното девојче кое требало да се оперира во Германија, Јанаки Митровски, е задоволен од пресудата на скопскиот суд, изјавил за „Фокус“.

„Во поглед на изречената казна истата, познавајки ги законските прописи и фактот да судот мора да цени олеснувачки околности од типот на неосудуваност, кооператвиност во постапката, признание на вина изразено каење и жалење и слично, пресудата е во рамките на моите очекувања“, рекол Митровски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…