Една година јаде само компири – луѓето не можат да поверуваат што му се случи


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ендрју Тејлор целата измината година нема каснато ништо друго освен компири. Неговата откачена диета претрпе многу бурни критики, но нему му го промени начинот на живот.

Тејлор беше зависник од храна и мораше да се стави на принудна диета, па за таа цел го избра компирот. Некои му велеа дека тоа е прилично нездрав начин за губење килограми, други не му веруваа дека ќе издрже една година во намерата, но тој ги надмина сите критики и пречки и во нешто помалку од една година симна дури 50 килограми.

22-12-tejlor-kompiri1

„Страдав од клиничка депресија и компирот ми помогна да се изборам со тоа. Не пијам антидепресиви, многу подобро спијам, а дури не чувствувам ниту болки во зглобовите кои ги добив играјќи фудбал пред десетина години“, вели тој за австралиски news.com.

„Деновите ги минував јадејќи пржена мрсна храна, сладолед, торти, чоколада, пица и пиејќи премногу газирани пијалоци, па сфатив дека сум зависник од таа храна. Кога сте алкохоличар и се освестите за проблемот кој го имате, веројатно сакате да престанете да пиете. Исто така е кога сте наркоман, па сакате да престанете да се дрогирате. Но, едноставно не можете да престанете да се храните, па размислував и сфатив дека компирот е нешто кое што можам да го јадам како намирница“, објаснува тој за својата одлука.

22-12-tejlor-kompiri2

Тејлор додава дека компирот е здрава намирница, полна со јаглехидрати, но и протеини, масти, влакна и витамин Ц. Неговите здравствени испитувања потврдија дека го одбрал правилниот пат – холестеролот му е намален, крвниот притисок стабилизиран, како и нивото на шеќер во крвта.

Ендрју признава дека првите две недели му биле вистинско измачување, но дека подоцна едноставно престанал да размислува за (друга) храна. Дневно јаде три до четири килограми компири, оди во ресторани каде порачува да му ги подготвуваат на различни начини, а навечер кај пријателите носи – компири.