Една година без хидратантни креми за лицето – еве какви промени доживеала


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Американката која на Редит се претставува како Мелиса за корисниците на оваа платформа, но и за пошироката интернет публика, го сподели искуството од нејзиниот експеримент во кој во период од една година решила хигиената и негата на нејзиното лице да ја сведи само на миење со вода, без користење на било какви други креми за хидратација и нега.

Сè што правев во таа година на лицето беше миење со ладна вода и понекогаш со чај од камилица, вели Мелиса.

После првите два месеца, кожата целосно ѝ се исчистила, по што си рекла дека ова сигурно е нејзината најдобра одлука во животот. Но, шест месеци подоцна, приметила нови брчки, особено околу очите и устата.

Сфатив зошто тоа се случува – некогаш секое утро се мачкав со хидратантна крема, а навечер лицето го чистев со лосион и го мачкав со ноќна хидратантна крема. Претпоставувам дека мојата кожа има недостаток на хидратација, на која е навикната и затоа се појавуваат нови брчки. И покрај сè, одлучив да продолжам со експериментот, за да видам што понатаму ќе се случи и видов нови негативни ефекти од недостатокот на нега. Кожата ми стана толку сува, што постојано ме правеше нервозна, раскажа таа.

Таа вели дека состојбата и станала неподнослива.

Понекогаш толку грубо го чешав лицето, иако со сите сили го избегнував тоа. Поради комбинацијата од сува кожа и чешање, почна страшно да се перути. Ми се појавија и акни. На крајот на експериментот, посетив дерматолог, кој ми ги објасни причините за сите непосакувани појави, кои ги претрпе мојата кожа, рекла таа.

Нејзиниот дерматолог и потврдил дека има голем недостаток на хидратација.

Поради тоа ми се појавија брчките, кои тој ги оцени како предвремени и кожата стана опуштена и иритирана, поради сувоста. Акните ми се појавиле поради изоставувањето на лосион за чистење, тој вели дека само вода не е доволна за отстранување на нечистотијата од кожата, раскажува Мелиса.

Дерматологот ѝ рече дека не е сè изгубено и дека нејзината кожа повторно ќе ја врати својата еластичност и влажност, со правилна нега.

Ми нагласи дека не треба да купувам скапи креми, бидејќи повеќето од нив се преполни со хемикалии кои ја иритираат кожата и така ќе мора да купам уште една крема, која ќе ги неутрализира непосакуваните ефекти од првата крема, и така постојано во круг. Ми препорача природни производи, кои се прават во аптека, како што е природното кокосово масло. За жал, брчките кои ми се појавија, не можам да ги избришам и токму поради тоа сакав да го споделам моето искуство со вас, за да не ја повторите мојата грешка, заклучила несреќната девојка.