Една година без алкохол: Кејт Мос освежена и трезна за 45. роденден


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Манекенката Кејт Мос, која своевремено палеше и жареше по модните писти на планетарно ниво и беше една од најбараните и најплатени убавици на светот, после една година помината без капка алкохол, за својот 45. роденден блесна во трезно и подмладено издание.

Мос беше позната по нејзиниот бурен начин на живот, а пороците ѝ создаваа огромни проблеми во приватниот и професионалниот живот.

Фотките кои ја издаваа како лумпува пијана и дрогирана по елитните ноќни клубови беа редовен материјал кој ги полнеше страниците од светските медиуми. Но, пред една година, убавицата која своевремено со потпетиците ја покоруваше светската мода, започна ново поглавје во животот, без пороци и пустење.

Нејзините фанови коментираат дека Мос на нејзиниот роденден изгледа фантастично – освежена, подмладена и поубава од кога било.