Една фотографија – милион солзи и емоции


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фотографијата која ја објави Шана Ниехаус, мајка на петгодишниот Кајноа, со кого пропатуваа огромен пат од Јапонија до Охајо, каде работи центарот 4 Paws For Ability, после двегодишно чекање за да биде достапно куче за нејзиното синче на кое му е дијагностициран аутизам.

Неговата мајка Шана ја објави фотографијата на која нејзиното синче одмара легнато на телото од Торнадо, кучето кое го добија во центарот. „Го гледате овој момент? Никогаш не сум искусила ваков момент во животот со него“, напиша под објавата мајката.

29-11-majka-dete-autizam1

„На фотографијата е фатено лицето на мајката која го гледа своето дете, кое не може да го гушне, избања, облече, немала блискост со него и не можела слободно да го допре, како лежи врз новото сервисно куче Торнадо, според своја волја и желба. Како мајка, сум видела безброј предизвикувачки и болни моменти со кои се соочил мојот син и сум плачела безброј пати заради тоа. Вчера, како и да е, плачев од различна причина. Чувството е неопишливо“, вели Шана.

29-11-majka-dete-autizam3

Таа седела со својот син додека тој плачел навечер многу пати бидејќи детето едноставно не можело да воспостави поврзаност со надворешниот свет и семејството, без разлика колку силно се трудел и колку напорно работел на терапиите за надминување на аутизмот.

29-11-majka-dete-autizam2

Малиот конечно воспоставил поврзаност со кучето Торнадо кое го добил од гореспоменатиот центар и своеволно се опуштил врз неговото тело. Моментот во кој таа го гледа тоа, фатен на фотографијата, е навистина трогателен и набиен со интензивни емоции.