Една е многу популарна во лето: Пет намирници од секојдневната исхрана кои се лоши за срцето


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кардиолозите и нутриционистите направија листа на намирници кои во голема мера се штетни за здравјето, особено за срцето, а кои лесно можете да ги замените со други (добро, вкусот не е заменлив, ама влијанието врз организмот да).

Колку и да се трудиме да се храниме здраво, на секого од нас му се случува свесно да ужива во храна која не е најдобра опција за нашето здравје. Одлуката да го промениме начинот на исхрана најчесто се случува кога здравствената состојба ни е загрозена, било да станува збор за срцев, мозочен удар, проблеми со тироидната жлезда, дијабетес и друго.

Д-р Бет Абрамсон, кардиолог во болницата Свети Мајкл во Торонто и потпретседател на Работната група за хипертензија на Американскиот колеџ за кардиологија, предлага пет алтернативни намирници во кои би можеле да уживаат сите што имаат проблеми со високиот притисок или холестеролот.

1. Пилешко наместо говедско и свинско месо

Истражувачи од Одделот за здравјето на населението на Универзитетот во Оксфорд во 2021 година откриле дека внесувањето на поголема количина на непреработено црвено месо, како што се говедско, јагнешко и свинско, го зголемува ризикот од коронарна срцева болест за дури 9 проценти. Тие предлагаат црвеното месо да се замени со пилешко.

2. Печете наместо да го пржите пилешкото

Нема ништо повкусно од пржено пилешко, меѓутоа, една студија од 2021 година докажаla дека консумирањето на пржена храна го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести. Наместо тоа, д-р Абрамсон предлага пилешкото месо да го премачкате со нискокалоричен прелив за салата и да го испечете.

3. Не го пржете помфритот, испечете го

Нутриционистите предлагаат да се намалат грицките богати со заситени масти. Сепак, ова не значи дека треба целосно да ги исклучите грицките, туку да изберете поздрава ужина, како што се свежото овошје и зеленчук или печените компири.

4. Не правете тост со путер

Тостот е најдобар кога традиционално се пржи на путер, но сепак тој може да содржи многу заситени масти. Меѓутоа, можете да уживате во парче француски тост, само треба да го потопите лебот во мешавина од јајце и обезмастено млеко, па наместо да го пржите, да го испечете во рерна. Исто така, воопшто не треба да користите жолчки, туку лебот да го потопите во белки измешани со обезмастено млеко, и нема да забележите разлика во вкусот.

5. Сладоледот заменете го со замрзнат јогурт

Според д-р Абрамсон, замрзнатиот јогурт содржи помалку масти, што значи дека би внеле помала количина на лош холестерол, па таа предлага кутиите со сладолед како десерт, да ги замените со замрзнат јогурт.