Единствената жена добитничка на „математичката Нобелова награда“ почина на 40 години


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Мариам Мирзахани, единствената жена во светот, добитник на најпрестижната математичка награда почина од рак во 40. година од животот, соопшти синоќа Универзитетот Станфорд.

Таа почина од рак на дојката, кој потоа се проширил на коските.

Мирзахани, која е родена во Иран, беше удостоена со Медалот на Филдс, кој се смета за математички еквивалент на Нобеловата награда, во 2014 година и е единствената жена добитник во 80-годишната историја на наградата, која е наречена според канадскиот мамематичар, Џон Чарлс Филдс.

Мирзахани, која беше професор на Станфорд од 2008 година, наградата ја доби во 2014 година за работата на комплексната геометрија и динамичкиот систем. Родена е 1977 година и веќе како тинејџерка добила две златни медали на Меѓународната математичка олимпијада. Докторирала на Харвард во 2004 година, а подоцна и на Пристон па на Станфорд.

И покрај теоретскиот карактер нејзината научна дејност имаше влијание врз истражувањето на настанокот на вселената и во други сфери на математиката како истражувања на простите броеви и криптографијата, се вели во соопштението.