Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Единствениот Фолксваген автомобил, кој всушност е возило на Порше, зад себе крие интересна и инспиративна приказна.
Фолксваген 39 (VW 39), всушност, претставува предпродукциски модел дизајниран и направен од Порше во 1939 година.
Фердинанд Порше заедно со неговиот син Фери го дизајнирале VW39 како побрза верзија на тогаш (а и денес) популарната Буба, вградувајќи му го моторот тип 64 од тркачкиот автомобил од трката Берлин-Рим.
Специјалниот мотор имал зафатнина од само 1 литар со 32 коњски сили, но и тежина на носивост од само 695 килограми, па VW 39 можел да достигне за тоа време импресивни и неверојатни 145 км/ч.
Првичниот план на Порше бил да произведе 50 примероци од моделот VW39, а Фердинанд и Фери често го возеле автомобилот од фабриката во Цуфенхаузен, до фабриките на Фолксваген во Волфсбург и Берлин.
Меѓутоа, почетокот на Втората светска војна го нарушил планот на Порше. Од моделот VW39 во Цуфенхаузен биле произведени амо 14 примероци. Секој од тие 14 примероци имал различен Порше мотор. На крајот на војната, 13 автомобили биле изгубени, а останал само автомобилот со број на шасија 1-00003.
Автомобилот бил најден под урнатини во очајна состојба по војната и му бил продаден на колекционер во 1948, кој го обоил во сива боја. Пред пет години, автомобилот стигнал во рацете на Томас Кениг и Оливер Шмит, основачите на „Хамбург прототип“ музејот.
Уникатното парче од историјата на Порше минало низ темелна реставрација која траела три години. Автомобилот бил вратен во оригиналната состојба, а голем број од деловите биле рачно изработени.
Единствениот VW39 изработен од Порше сега е со сјајно црна боја, исто како и првиот ден кога за првпат излегол од портите на фабриката во Цуфенхаузен.