Единаесетмесечно бебе почина од морбили на Клиниката за детски болести


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Единаесетмесечно бебе, без никакви други заболувања, почина од мали сипаници на Клиниката за детски болести. Бебето на клиниката се лекуваше повеќе од две недели од морбили.

Според докторите детето не боледувало од никакви заболувања претходно, освен настинки. Епидемиолозите загрижени што се зголемува бројот на деца под една година со морбили чиј имунитет не може да ги издржи ситните сипаници. На инфективната клиника шест луѓе се во критична состојба со морбили.

– Имало тешка пневмонија, мозочно крварење,.Се уште се одржува висока активност на вирусот на морбили. Очекуваме доколку се зголеми бројот на вакцинираните особено кај претшколските деца надвор од Македонија дека оваа бројка ќе почне да се намалува. Повеќе од три четвртини од новопријавените случаи се невакцинирани, а најголем број се деца, значи половина се деца на возраст до четири години, но има и висок број на регистрирани случаи кај повозрасните групи односно кај лица на возраст над 30 години, рече др. Владимир Микиќ Институт за јавно здравје .

Во сите случаи од заболените ниту едно пациент не бил вакциниран или вакциниран со една доза на од вакцината. На теренската вакцинација во училиштата не се покажа резултати. Родителите не сакаат децата да бидат вакцинирани, мал е бројот кои се решиле да ги вакцинираат, објаснуваат од Здравствен Дом Скопје.

За една недела регистрирани се 100 нови случаи на заболени од морбили. Владата вчера соопшти дека од септември невакцинирани деца нема да се запишуваат во училиште, истото важи и за градинките. Досега четири деца починаа од морбили.