Единаесетгодишно девојче во Шутка принудувано на секс и присилен брак


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Единаесетгодишното девојче од домот Ранка Миловановиќ, кое пред Нова година беше пријавено за исчезнато, било насилно држено во куќа во скопска Шутка каде што било присилувано на брак и секс.

Тоа успеало неко да избега од куќата по што за пеколот кажало на нејзиниот чичко, а потоа заедно со социјален работник пријавиле дека на 29 декември таа била заклучена во куќа во скопска Шутка.
Според досегашната истрага, единаесетгодишното девојче околу 12:30 часот со автобус стигнала во населбата Бутел 1 и на автобуска постојка се сретнала со друга штитеничка на установата, по што заедно се договориле да отидат на гости кај бабата на втората штитеничка која живеела во Шуто Оризари.

Кога двете штитенички пристигнале во куќата, бабата и рекла дека ќе и биде снаа и дека нема да ја пушти да си оди. Девојчето почнало да се противи на нејзината одлука и станало да си оди. Тогаш бабата скокнала и ја фатила за коса и почнала да ја влече штитеничката. Во тој момент пристигнал и нејзиниот внук со кој ја внеле во друга соба, ја заклучиле вратата и истиот се обидел да има сексуални односи со неа. Девојчето прво се спротивставувало, а потоа се согласило и имале сексуални односи.
Бабата и забранила и на втората штитеничка да излезе од куќата и да си замине.

Следниот ден единаесетгодишното девојче успеало да побегне и за настанот кажало на нејзиниот чичко.

Полицијата работи на целосното расветлување на случајот и утврдување на веродостојноста на пријавата, по што се очекува против бабата и нејзиниот внук да бидат преземени соодветни мерки доколку се утврди дека ја присилувале штитеничката на брак и секс.