Advertisements
Актуелно

Еден загинат при судир на автомобил и трактор кај село Доброште

На регионалниот пат Тетово-Јажинце, во близина на село Доброште, едно лице го загуби животот при судир на автомобил со трактор.

Како што соопшти полицијата, починатиот е 50-годишен жител од Доброште, а на скопските клиники е префрлено женско лице, кое е потешко повредено.

Сообраќајкната несреќа се случила помеѓу автомобил и трактор, а оштетено е уште едно возило паркирано во близина.

Извор: Макфакс

Advertisements
To Top