Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во авганистанскиот град Мазар-е-Шариф денеска експлодираше бомба за време на доделување награди за новинари. Едно лице го загуби животот во експлозијата, а пет лица се повредени, изјави портпаролот на талибанската полиција.
Експлозијата се случила во центарот „Табиан Фарханг“ во Мазар-е Шариф, главниот град на провинцијата Балх, околу 11 часот кога новинарите се собирале на церемонијата на доделување, изјави Мохамад Асиф Вазири, портпарол на локалната талибанска полиција.
Тоа се случи два дена откако во бомбашки напад во Мазар-е-Шариф загина гувернерот на провинцијата Балх, Дауд Музмал и уште две лица, а ранети беа четири луѓе.
Во денешната експлозија беа ранети и новинари. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.