Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во престрелка што се случила синоќа во чајџилница на улицата „Браќа Реџепагиќ“ во скопската населба Чаир, едно лице го загубило животот, а две се ранети, изјави портпаролот на МВР Тони Ангеловски за ТВ Шења.
Според Ангеловски, во пукањето, кое се случило во близина на училиштето „Имри Елези“, се повредени тројца, а еден од ранетите починал.
„Полицајци се упатени на местото за да го расчистат случајот“, изјави синоќа Ангеловски за Шења.
Неофицијално, телевизијата објави дека и братот на загинатиот во вечерашната престрелка бил убиен за време на Рамазан минатата година.