Еден загинат и двајца повредени во тешка сообраќајка во Скопје

пукотници во чаир

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ноќеска, на скопскиот булевар Трета македонска бригата, во сообраќајна несреќа животот го загубил 51-годишен скопјанец.

Како што соопшти СВР Скопје, во 45 минути по полноќ на раскрсницата на булеварот со улицата Фрањо Клуз, З.В.(51) од Скопје, управувајќи автомобил „бмв“ со скопски таблички загубил контрола и автомобилот удрил во бетонски ѕид.

По несреќата била повикана Итна медицинска помош, која констатирала дека возачот З.В. починал, а неговите сопатници М.К.(17) и К.К.(24), двајцата од Скопје, биле се пренесени во Ургентен центар Скопје и се задржани на лекување.