Еден повреден во судир на воз во автомобил


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


На 28 март околу 17.10 часот на железничката пруга Скопје кон Кичево, на див премин во близина на ул. Качанички пат, се случила железничка незгода помеѓу патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје кон Кичево, управуван од машиновозачот Д.М. (54) од Скопје и автомобил фолксваген голф, со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Е.(32) од скопското село Танушевци.

Во незгодата со повреди се здобиле возачот на патничкото возило и сопатникот С.А. (27) од с.Мојанце, кој по укажаната лекарска помош ГОБ 8 Септември,  поради сериозноста на повредата е препратен и задржан на КАРИЛ при Клинички центар Мајка Тереза.

Железничкиот сообраќај е нормализиран во 21.03 часот.