Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Натпреварувачките на шпанскиот избор за Miss Universe чекореа покрај базен, облечени во високи потпетици, во рамки на нивната презентација на изборот.
Но, една од нив направи еден погрешен чекор, а снимката од тој гаф експресно стана вирален хит и убавицата стана мета за мајтап и потсмев на интернет.
Пилар Марго, која ја претставуваше покраината Карсерес, сакаше елегантно да се сврти, но остана без цврста подлога под едната нога и заврши во вода. За среќа, во несреќната ситуација единствено што си повреди таа беше својата гордост.
Ласкавата титула за Miss Universe за Шпанија ја освои Софија дел Прадо, која во конкуренција на повеќе од сто други девојки ќе се натпреварува за Мис на светот.