Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден маж од Куманово на 70-тина години, кој почина на Клиниката за инфективни болести и 18 нови заразени пациенти од коронавирусот е најновата црна статистика за ситуацијата со епидемијата во Македонија.
Според неофицијалните информации пациентот имал повеќе хронични заболувања. Досега во земјава 28 лица ја загубија битката со Ковид – 19.
30-тина заразени со коронавирус се со тешка клиничка слика, меѓу нив е и родилката од Куманово, а десетина се на апарати за дишење.
Во очекување на официјалниот извештај од Министерството за здравство за бројот на новозаболени изминатото деноноќие, неофицијално кај 18 лица бил потврден Ковид-19.
Со новите случаи бројката на заразени достигна 617. Заболени има во 18 градови. Најмногу се од Скопје, Куманово, Дебар, Прилеп, Тетово, а десет проценти се здравствени работници.
Последното деноноќие реализирани се 351 тест, а досега направени се над 6000 тестирања за Ковид-19
Бројката на починати досега достигна 28, а вкупната бројка на заразени е 617.
Четири нови лица се заразени со корона вирусот, со што вкупниот број на инфицирани со КОВИД-19 изнесува 38, соопштија од општината во Прилеп.
Од Центарот за јавно здравје во Прилеп потврдија дека еден нов случај, трет по ред, е регистриран и во Крушево.