Еден починат и 107 нови случаи на коронавирус во Македонија – досега вкупно 1.081 заразен


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Според најновите информации кои ги изнесе Министерството за здравство во врска со состојбата со коронавирусот во Македонија, има еден нов смртен случај и 107 новозаразени во Македонија.

На Клиниката за инфективни и фебрилни состојби почина пациент од Струшко на возраст од 50 години кој беше хоспитализиран на 27 март, а само еден ден подоцна заради влошување на состојбата поставен на механичка вентилација.

Од Клиниката се испишани 5 оздравени пациенти, а денеска се регистрирани и 18 оздравени пациенти кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.

Во изминатите 24 часа се потврдени 107 нови случаи на Ковид-19:

Скопје – 28

Куманово -44

Дебар – 2

Штип – 1

Прилеп – 11

Тетово – 5

Струга – 1

Велес -4

Битола – 6

Кавадарци -1

Гостивар – 2

Кочани -1

Кичево -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1081. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во:

Скопје – 367

Куманово – 306

Дебар – 51

Штип-32

Прилеп –100

Тетово – 48

Струга – 50

Велес – 40

Битола –15

Охрид –7

Кавадарци – 4

Гостивар –12

Гевглелија – 4

Струмица – 2

Крива Паланка-4

Радовиш – 4

Крушево – 3

Кочани – 26

Пробиштип – 2

Кичево – 2

Неготино -2

Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Преку ИЈЗ –468 , преку Ветеринарен ф-тет – 21, Авицена –22 , Биотек – 23 и Филип Втори (Жан Митрев) – 126. Досега во земјата се направени вкупно 10.422 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во Скопје примени се 11 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 62 пациенти. 18 пациенти се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка, а 5 пациенти се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 11 нови пациенти и во моментов во оваа болница се лекуваат 38 пациенти со Ковид-19. Во потешка состојба се 8 пациенти, а на респираторна машина 6.

Во Битола се хоспитализирани вкупно 8 пациенти од кои 2 се повремено на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат уште 8 пациенти.

Во болницата во Штип се лекуваат 8 пациенти, а се следат уште 18 во домашни услови.