Еден од полицајците обвинет за убиството на Џорџ Флојд пуштен од притвор со кауција од 750.000 долари


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Томас Лејн, еден од четворицата полицајци од Минеаполис кои се обвинети за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, е пуштен од притвор за во судскиот процес да се брани од слобода, откако за него била платена кауција.

Адвокатот на 37-годишниот бивши полицаец, Ерл Греј потврди дека за Лејн била платена кауција во износ од 750.000 долари и дека станува збор за условна кауција, што значи дека Лејн ќе биде обврзан да исполнува одредени услови за да не биде повторно притворен.

Локалниот Стар Трибјун пишува дека парите во поголем дел биле собрани на интернет преку Пејпел донации, односно уплата на веб страницата отворена за собирање на средства за негово ослободување од притвор. Во описот на страницата стоело дека „кауцијата на Лејн е неправедно висока и дека тој сторил сè што можел за да го спаси животот на Флојд“.

Меѓу другото, тој ќе биде активно следен, нема да може да носи оружје, ниту да се вработи во полиција. Безусловната кауција за неговото пуштање од притвор изнесувала милион долари.