Еден од основачите на видеоплатформата Vine пронајден мртов


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ко-основачот на популарната апликација HQ Trivia и видеоплатформата Vine, Колин Крол, беше пронајден мртов во неговиот стан во Њујорк.

Телото на 30-годишниот Крол го пронашла полицијата, откако неговата девојка побарала да проверат што се случува со него.

Полицијата од Њујорк стигнала до станот на Крол на Менхетен, со цел да провери дали тој се наоѓа во станот. Полициските службеници го пронашле телото заедно со прибор за консумирање дрога.

„Беше многу талентиран и многу постигна, иако беше прилично млад. Ова е голема штета“, изјави таткото на Крол, Алан, за New York Times.

Забавната апликација HQ Trivia беше лансирана минатата година во САД, а Крол стана директор во септември.