Еден од најжешките задници на светот го тужи Кристиано Роналдо


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Бившата Мис Бум Бум од 2016 година, Ерика Канела, му опна тужба на фудбалскиот ас Кристиано Роналдо.

Ерика, која беше Мис Бум Бум во 2016 година, тврди дека лани била два месеци во флерт врска со Португалецот, кој ја канел кај него дома во Мадрид и во Лисабон за да имаат секс. Таа тврди дека ги прекинала контактите кога дознала дека Роналдо има девојка.

Меѓутоа, тука почнале проблемите.

„Почнав да добивам пораки во кои ме нарекуваа „курва“ и ми се закануваа дека ќе ми го уништат животот. Не знам дали пораките се од него или од некој друг што тоа го прави во негово име, но престанав да јадам, не можев веќе да спијам и не ми се излегуваше од дома- рекла Ерика.

Таа покренала судска тужба поради тролање и сексуално вознемирување бидејќи тие понижувачки пораки длабоко влијаеле на нејзиното емотивна состојба.