Еден од најскапите разводи во Британија: Сака да му земе 526 милиони евра на бившиот сопруг


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Разводот меѓу милијардерот Фархад Ахмедов и Татјана Ахмедова е еден од најскапите и најбурните во историјата на Велика Британија, чии жители се овие двајца бивши сопружници.

Милијардерот Фархад Ахмедов и Татјана Ахмедова никако да се договорат околу поделбата на огромниот имот. Или поконкретно, Татјана не планира да се откаже од правната битка за, според неа, заслуженото материјално наследство и пари од бракот со Фархад.

Фархад, чие богатство е проценето на 1,4 милијарди долари , според одлуката на судот од 2016 година би требало на сопругата Татјана да и исплати 41,5 проценти од богатството, односно 526 милиони евра.

Но, Татјана за три години добила само 5,8 милиони евра и тоа со жестоко спротивставување на екс сопругот.

Екс сопругата сепак не се откажува од намерата „да го добие тоа што смета дека ѝ припаѓа’, па со тим од адвокати успеала да „го замрзне имотот на поранешниот сопруг“ . Според следните судски чекори на нејзино име би требало да биде препишана и јахтата на Фархад Ахмедов вредна 400 милиони евра, која досега не била влезена во бракоразводната пресметка меѓу екс сопружниците.

Следното рочиште е закажано за почетокот на ноември во судот во Лондон.

Оваа бракоразводна парница е една од најголемите и најскапите во историјата на судството на Англија, чии граѓани се Фархад и Татјана од 2000 година.

Татјана за време на бракот со Фархад била „домаќинка и се грижела за воспитувањето на синот единец“.