Еден од најмоќните фудбалски менаџери, роден во Македонија, обвинет за перење пари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кога станува збор за фудбалските менаџери во светот на современиот, модерен фудбал, меѓу најмоќните од оваа бранша се издвојуваат Жорге Мендеш, Мино Раиола и Фали Рамадани.

Фали Рамадани е еден од најмоќните фудбалски менаџери во светот. Тој е роден во Македонија и е сопственик на „Lian Sports“ и застапува голем број на балкански ѕвезди меѓу кои Миралем Пјаниќ, Лука Јовиќ и други.

Според извештаите од шпанските медиуми, Рамадани е обвинет за перење пари на Мајорка. Во вторникот полицијата направила рација во неговата резиденција и одземена е документација која е потребна за истрагата.

Познатиот агент кој ретко се експонира во јавноста се терети за перење пари, па во наредните денови ќе мора да се појави на суд во Мадрид.

Шпанските медиуми пренесуваат дека на Рамадани може да му биде „замрзнат“ целиот имот, а во целиот скандал се замешани уште двајца менаџери чие име не е откриено.