Еден од најбогатите малтешки бизнисмени обвинет за убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еден од најбогатите бизнисмени малтешки бизнисмени, Јоргоен Фенекс, е обвинет за убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција, потврдија од обвинителството на Малта, пренесува Ројтерс.

Засега не е одреден датумот за неговото судење.

Фенек бил уапсен во ноември 2019-та година под обвинение за соучество во убиството. Но, кога се собираа доказите пред судењето, тој се изјасни како невин.

Каруана Галиција беше убена откако и беше подметната бомба во нејзиниот автомобил додека го напуштала својот дом на 16-ти октомври 2017-та година. Нејзиното убиство го шокираше целиот свет.

Фенекс бил на чело на деловна империја која вклучуваше недвижен имот, увоз и трговија со автомобили. Покрај тоа, тој бил на чело конзорциум на кој контроверзно му бил доделен државен договор за изградба на електрана.

Новинарката Галиција ја истражувала можната корупција во овој случај.

Тројца мажи беа обвинети за поставување на бомбата и беа уапсени во декември 2017-та година. Еден од нив се изјасни за виновен како дел од спогодбата и беше осуден на 15 години затвор. Другите двајца чекаат судење.

Виновниот признал дека Фенек стои зад организирањето на убиството.

Тужителите бараат од судот доживотна казна затвор за Фенекс. Тој беше уапсен на 20-ти ноември 2019-та година, во момент кога тој бил на неговата јахта недалеку од Малта, во обид да избега од островот.