Еден од блоковите на РЕК е надвор од употреба, ЕЛЕМ ќе увезува струја


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Третиот блок од РEK Битола е надвор од употреба,  недостатокот на струја се надоместува од увоз, потврдуваат  од ЕЛЕМ. Откако 24 Вести објави дека минусните температури го исфрлија од употреба еден од трите блока во РЕК Битола по што поради недостиг на струја ЕЛЕМ распиша тендер за увоз , првиот човек на Електрани на Македонија, Христија Мицковски објаснуваат дека увоз на струја има, но не е интрвентен.

Најниската цена по која ЕЛЕМ ја набави струјата е 52,85 евра за еден мегават час, а највисоката е  64,35 за еден мегават час. Количините на струја ЕЛЕМ ќе и ги продаде на ЕВН по регулирана цена од 41 евра за еден мегават час, што е далеку пониска од набавената. Разликата во загубите ќе бидат надоместен во текот на годината кога електрани ќе ги продава вишоците на струја, уверува Мицковски.

Од СДСМ пресметаа дека увозот е тежок 300 илјади евра, пари што ќе ги платат граѓаните.

Интервентната набавка на струја за само два дена ги чини граѓаните 300.000 евра! Да работеа сите три блокови на РЕК Битола граѓаните ќе имаа струја и немаше да биде потрошен ни денар од нивните пари. . Набавена е струја по цена од 59.3 евра за мегават час. Тоа е 36 проценти повеќе од дозолената цена за увоз од страна на Регулаторната комисија за енергетика во последната одлука (38 евра/МWh), реагираат од СДСМ од каде предупредуваат дека   вистинските ризици од недостиг на струја допрва следуваат.

Од 1 јануари,  државната  ЕЛЕМ, наместо ЕВН  е обврзана да ги обезбедува неопходните количини на електрична енергија на пазарот на електрична енергија за тарифните потрошувачи.