Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден христијански свештеник во Сиера Леоне пронашол еден од досега најголемите познати небрусени дијаманти во светот.
Пасторот Емануел Момох сакпоцениот камен од 709 карати го ископал во регионот на Коно во оваа западноафриканска земја.
Според експертите за скапоцени камења, откриениот дијамант е еден од 20 најголемите дијаманти што кога било досега се откриени во светот.
Дијамантот е префрлен на чување во трезорите на Националната банка на Сиера Леоне во главниот град Фритаун.
Претседателот на оваа земја Ернест Баи Корома изрази задоволство што откриениот скапоцен камен останал во земјата и не е прошверцуван во странство.
Копањето и трагањето по скапоцени камења е раширена појава во Сиера Леоне, особено во областа Умару Фофана, која важи за подрачје богато со дијаманти и во која по нив трагаат специјалзирани фирми, но и многу поединци.
Последен пат волку голем дијамант во Сиера Леоне бил откриен во 1972 година.
Засега нема проценка колкава е пазарната вредност на откритието на пасторот Момох, иако се верува дека таа е голема и без да биде избрусен.
Медиумите кои ја пренесуваат оваа информации забележуваат дека не се знае дали свештеникот ќе добие некаков надомест за откритието, што според законот на земјата, му припаѓа.