Еден мигрант загина, повеќе повредени во сообраќајка на автопатот Демир Капија-Неготино


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Синоќа на автопатот Демир Капија – Неготино се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби еден мигрант, а има и повеќе повредени.

Еден мигрант загина, а 13 се повредени во синоќешната сообраќајна несреќа на автопатот Демир Капија-Неготино. Четворица од потешко повредените се пренесени на Скопските клиники, сите на возраст од околу 22 до 25 години. Десетмина мигранти биле од Пакистан, а тројца од Бангладеш.

Сообраќајката се случила кога возилото со мигранти што се движело на патниот правец Демир Капија-Неготино, во близина на бензинската пумпа „ДЕП“ удрило во задниот дел на товарно возило што се движело во ист правец и се запалило.

Според МВР, товарно моторно возило „фолксфаген фејтон” со мигранти удрило во товарно моторно возило „сканија“, управувано од 58-годишниот Љ. Д. од Кавадарци.

Итната медицинска помош при Здравствениот дом во Неготино интервенирала со три возила, а едно лице било полесно повредено и предадено на полиција да го врати во кампот.